• e hënë, 16 dhjetor 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

13  декември 2024 

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе одржи средба со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Лесли Милер. (Стар Кабинет/10:00)

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе одржи средба со амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков. (Стар Кабинет/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/11:00)

Скопје - Седници на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/11:00/11:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (Сала 4/12:00)

Кичево - Премиерот Христијан Мицкоски заедно со дирекротот на ТИРЗ Гоце Димовски ќе присуствуваат на поставување камен темелник за изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во ТИРЗ Кичево. (11:00, предвидена е изјава на премиерот Мицкоски“)

 Кишинев - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани во работна посета на Молдавија. 

Тетово - Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас ќе ја посети Општина Тетово. 

- Средба на амбасадорот Рокас со градоначаникот на Општина Тетово, Билал Касами ( Општина Тетово, изјави за медиумите/10:30, инсерти од затворената средба/9:40) средба со советниците на Општина Тетово. (Сала на Советот на Општина Тетово/9:45)

- Амбасадорот Рокас и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе ја претстават Програмата за дигитална Европа (ДИГИТАЛ). (Јуроп Хаус Тетово/11:00)

- Амбасадорот Рокас, проф. д-р Абдулменаф Беџети, ректор на УЈИЕ и  Дејвид Оберхубер, директор на ГИЗ ќе го отворат „Центарот – Акцелератор 700“ финансиран од ЕУ. (Универзитет на Југоисточна Европа Тетово/13:00)

Скопје - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, амбасадорката на Швајцарија Вероник Хулман и Биљана Ангелова ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се обратат на настанот „Придобивки од воведување на практична настава во високото образование и улогата на Бизнис заедницата во процесот“.  (Стопанска комора, сала 4/5 кат/10:45)

Скопје - Стопанска комора на Северна Македонија и Транспаренси Интернешнл – Македонија организираат настан на тема „Партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата против корупцијата”. (Стопанската комора, сала 4 на 5-ти кат/13:30)

Скопје - Светска банка ќе го презентира најновиот Преглед на јавни финансии на Северна Македонија: Обезбедување стабилност и зајакнување на отпорноста. (х.„Хилтон“/10:00)

Ресен - Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски и Маријана Милевска, проектна менаџерка во УНДП ќе ги доделат сертификатите за завршени обуки за одржливо земјоделство на земјоделци од Преспа. (Општина Ресен/12:00)

Тетово - Официјално отварање на ски-сезоната 2024/2025 во Попова Шапка.

- Свечено отварање (9:30)

- Изјава за медиумите на директорот, Абдулгани Алији (10:00)

-Обиколка на Попова Шапка со кратка дискусија за тековни и идни проекти  (10:45)

 - Музика во живо со DJ SHOCK во Ски-кафе „Ге“. (11:00)

Скопје - Прес-конференција на О2 Иницијатива. (Пред Влада на РСМ/11:00)

Кавадарци - Промоција на Бесплатна правна помош. (Пред градскиот пазар/10:30) 

Скопје - Национален избор за „Жена на годината“ и конференцијата „Жени претприемачки“. (Музеј на македонска борба / 10:00) 

Скопје - Официјално претставување на соработката меѓу Sarah Mace & Chery!. (East Gate Mall - приземје/15:00)

Скопје - Винодонија 2024: Едукативни работилници за сите љубители на виното. (х.„Мериот“/од 15:00 до 21:00)

Нови Сад - Промоција на антологијата со македонска и српска поезија „Нов духовен мост“ проект на Друштво на писателите на Македонија. (Клуб на писатели/19:00)

Скопје - НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „Слепци“. (Сцена на Театар Комедија/20:00)

_________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

QËNDRONI TË LIDHUR