МВР: Полициски хеликоптер исфрли над 48 тони вода врз пожарот во општина Македонски Брод
- Полициски хеликоптер од типот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици денеска дејствуваше на пожар во општина Македонски Брод, меѓу селата Брезница и Тажево, каде гори борова шума.
![МВР: Полициски хеликоптер исфрли над 48 тони вода врз пожарот во општина Македонски Брод](https://mia.mk/images/20240722194813_big_730x400_32.webp )
Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Полициски хеликоптер од типот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици денеска дејствуваше на пожар во општина Македонски Брод, меѓу селата Брезница и Тажево, каде гори борова шума.
Како што информира МВР, во 19 налета се исфрлени над 48 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење. мд/сст/
Фото: МВР