• e shtunë, 01 shkurt 2025

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 1 февруари 2025 (МИА) - Од страна на полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17.30 часот во Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и ул. „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот, без да укаже помош на повредениот. А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утринава во 1.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, ја лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Полициски службеници од Полициската станица Карпош вчера во 23.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, го лишиле од слобода Д.Т.(34) од село Визбегово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Утринава во 1.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода В.Б.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, го лишиле од слобода Ј.Д.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во СВР Скопје, вчера околу 7.40 часот било пријавено дека на автопатот- обиколница на град Скопје, во близина на клучка Орман, патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.В.(63) од Тетово, излетало надвор од коловозот. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

А.Ј.(19) од Скопје вчера во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Н.Б.(50) од село Трубарево, скопско, вчера во 14.20 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на ул.„Париска комуна“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

М.Л.(35) од Штип вчера во 15.25 часот  во Полициската станица Берово пријавил дека во село Мачево, беровско бил каснат од куче со сопственик.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци утрово во 3.40 часот го привеле С.У.(34) од Кавадарци, кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправната установа Затвор Гевгелија. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 13.20 часот во Кичево го лишиле од слобода Д.Д.(47) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа марихуана, семки од канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.вј/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR