Приемен ден за граѓаните во Општина Кисела Вода
- Соопштение
Скопе, 1 февруари 2025
Нов приемен ден и оваа сабота се одржува во Општина Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски од утрото досега оствари средби или по телефон разговараше со 70-тина граѓани кои изразиле желба или некаква потреба за да остварат комуникација со него. Се евидентираат проблеми, се даваат идеи, се разговара на можности за реализација на најразлични проекти. Дел од граѓаните се дојдени и само да изразат поддршка. Средбите со градоначалникот Ѓорѓиевски со жителите на општината продолжуваат и понатаму со голема динамика.
-И сабота е ден посветен за мојот народ. Уште од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив дирекни средби и телефонски разговор со повеќе од 70 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле нивни контакт на службите во општината.
Мојот тим ги запишува барањата и веднаш уште денес, во зависност од природата на проблемот пристапуваме кон решавање. Она што исклучително ме радува е што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Тоа е само уште еден доказ за нашата посветеност.
Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што е сработено, а и она што допрва доаѓа, најдоброто. Некои се дури и пријатно изненадени, велат дека во минатото не можеле никако да стигнат до градоначалникот, а не пак да ги побара телефонски. Приемот е многу позитивен. Ќе бидам тука цел ден, а ако треба ќе продолжиме и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба - во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе. На проблемите им погледнуваме во очи и директно ќе ги решаваме, мојот народ мора да е задоволен-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода
_______________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.