• e diel, 02 shkurt 2025

Возачот кој ја прегази Фросина во Шутка добил мобилен телефон, тврди СДСМ

Возачот кој ја прегази Фросина во Шутка добил мобилен телефон, тврди СДСМ

Скопје, 1 февруари 2025

Веќе два дена јавноста е во шок од трагедијата што ја потресе целата држава, откако Васов, 20-годишник без возачка дозвола ја прегази младата Фросина, која за жал почина на лице место. Граѓаните се револтирани, јавноста е бесна, а протестите не стивнуваат.

Сторителот е во притвор, но денес во јавноста излегоа скандалозни фотографии од затворот Шутка, на кои јасно се гледа дека тој непречено користи мобилен телефон, иако тоа е строго забрането.

Панче Тошковски да излезе и да одговори пред граѓаните и пред семејството на трагично загинатата Фросина кој му дозволил на обвинетиот за нејзиното прегазување  пристап до телефон во затвор?

Кој го штити младиот убиец од високите кругови на ДПМНЕ?

Каква е инволвираноста на Пандов? Дали е точно дека добро знаел што се случува а откако сликите излегоа во јавноста и власта е фатена жива најавува истрага?

Ова е скандал кој го зголемува сомнежот дека виновникот е заштитено лице на власта. Сомнежот станува уште поголем ако се земе предвид дека неговиот татко неодамна бил промовиран во Армијата лично од министерот за одбрана Мисајловски.

Кој  го штити младиот убиец во врвот на власта? Срамно и недозволиво осомничен за ваков грозоморен чин слободно да користи мобилен телефон уште од првиот ден.

Јавноста чека одговори од Тошковски и одговорност од Александар Пандов!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR