• e mërkurë, 26 shkurt 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.Г.(56), Б.Г.(60), Р.Ф.(56) и Л.М.Н.(46), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на службена положба и овластување’’ и ,,соизвршителство’’. Второпријавениот Б.Г., вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во Струмица и претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, заедно со трето и четвртопријавените, вработени во истото претпријатие и членови на комисијата, во текот на 2021 година спровеле постапка за јавна набавка на стоки - полимер за потребите на пречистителна станица за отпадни води. Од четири пријавени економски оператори, понудата на еден економски оператор од Скопје била со невообичаени ниски цени за одредени стоки, за што не побарале писмено објаснување, предвидено со Законот за јавни набавки и дале предлог да се одбере понудата од тој оператор. Првопријавениот З.Г. - директор на претпријатието, бил должен да изврши увид дека постапката не била спроведена во согласност со Законот за јавни набавки, но не го сторил тоа и донел одлука за избор на најповолен понудувач, склучиле договор и на економскиот оператор од Скопје му биле исплатени 1.241.699 денари за набавка на стоки за кои што во понудата доставил значително висока цена, додека стоките за кои понудил ниска цена не биле набавени.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Г.Г.(59) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Nа катастарска парцела во дебарската населба Венец, тој неовластено присвоил државно градежно земјиште во вкупна површина од 2385 метри квадратни и поставил бодликава жица. Со тоа, пријавениот противправно се стекнал со имотна корист во износ од околу 4.722.300 денари.

На 24.02.2025 во 14.54 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21.20 часот во женското одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.02.2025 во 18.00 часот во ОВР Гостивар, 42 - годишник и 58 - годишник, двајцата од Гостивар, пријавиле дека биле измамени од Џ.С.-сопственик на правен субјект за градежништво од Гостивар. Според пријвеното, тој на двајцата им продал ист стан во зграда во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.02.2025 во 13.20 часот во с.Варвара, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле М.Р.(13) од Скопје, за која на 23.02.2025 незјината мајка Е.Р.(52) од Скопје пријави дека се оддалечила од домот. Девојчето било предадено на нејзината мајка.

На 24.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца пријавила дека од Организационата единица Козле се оддалечил нивниот штитеник И.И.(14) од Битола, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.02.2025 во ОВР Гостивар, П.С.Г.(23) од Гостивар пријавила дека на улица ,,101“ во Гостивар била нападната од повеќе кучиња и при обид да избега паднала и се здобила со повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.

На 24.02.2025 во 16.30 часот во СВР Битола, М.К.(31) од Битола пријавил дека на ул.„Партизанска“ во Битола бил каснат од куче скитник. 

На 24.02.2025 во  19.00 часот во ОВР Македонски Брод, Д.С.(44) од Македонски Брод пријавил дека на ул,,Маршал Тито“ во Македонски Брод бил каснат од куче скитник.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(34) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 19.11.2024 во село Суводол, пријавениот овозможил на друго лице да користи марихуана, која била пронајдена и одземена.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.02.2025 во Тетово,  полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и пари. Од судија на претходна постапка при Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во време траење од 30 дена.

СВР Штип поднесе известување против Д.Н.(18) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.06.2024, полициски службеници извршиле преглед над малолетник, при што била пронајдена и одземена марихуана која пријавениот му ја продал. Подоцна, при претрес кај пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана. 

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR