Седумнаесетгодишник со возило излетал од коловозот, повредени уште тројца малолетници
- Двајца малолетни сопатници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајка што се случила синоќа на улицата „Лазар Личеноски“ во Скопје. Малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник се здобиле со телесни повреди.

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Двајца малолетни сопатници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајка што се случила синоќа на улицата „Лазар Личеноски“ во Скопје. Малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник се здобиле со телесни повреди.
Како што информираат од МВР, во СВР Скопје синоќа во 03.30 часот било пријавено дека на улицата „Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот.
- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се вели во соопштението на МВР. бт/бак/
Фото: МИА Архива