• e premte, 14 mars 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - На 14.03.2025 во 05.15 часот на ул. „Јоска Јорданоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Е.У.(36) од Прилеп.

МВР соопшти дека таа била затекната при вршење на кражба во куќа. По документирање на настанот, против неа ќе следува соодветна пријава. 

На 13.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Т.Г.(20) и Б.Ј.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 13.03.2025 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода В.Р.(25) од Скопје и В.Ј.(23) од Гостивар затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 13.03.2025 во 15.15 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.С.(56) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.  

На 13.03.2025 во 14.20 часот на ул.„Прилепска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода  Б.К.(30),  И.Б.(32) и М.В.(32), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Б.К. била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.   

На 13.03.2025 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ј.Ф.(30) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 13.03.2025 во 15.05 часот во Полициската станица Центар, В.С.(60) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 13.03.2025 во 11.00 часот во Полициската станица Драчево, Д.М.(35) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 13.03.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Драчево, М.К.(29)  од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.  

На 13.03.2025  во 20.10 часот во Полициското одделение Петровец, Н.С.Ј.(31) од с.Петровец пријавила дека на ул.„1“ во с.Петровец, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR