• e diel, 23 mars 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 22 март 2025 (МИА) - На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ.

На 22.03.2025 околу 00.50 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведени се О.Л.(43) и З.Н.(41), двајцата од Охрид. При извршен преглед во патничко возило „мерцедес“ во кое се превезувале, полициските службеници пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.03.2025 во 01.55 часот во Неготино од страна на полициски службеници од ОВР Неготино лишени се од слобода И.Ј. (22) од Скопје и М.С.(22) и  Р.К.(21) од с.Тремник-Неготино. При контрола на патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблици, управувано од И.Ј., а како сопатници во возилото биле М.С. и  Р.К., кај Р.К. била пронајдена тревкаста материја. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 21.03.2025 во времето од 14 до 22 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во централното градско подрачје во Тетово и во три случаи констатирале превоз на патници без поседување соодветна лиценца: патничко возило „голф" со тетовски регистерски таблици, управувано од Н.Ш.(60) од с.Челопек, патничко возило „фолксваген туран"  со тетовски регистерски таблици, управувано од Б.А.(54) од с.Мала Речица и патничко возило „опел вектра" со тетовски регистерски таблици, управувано од С.С.(57) од Тетово. По документирање на случаите, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци по член 284-а од КЗ.

На 21.03.2025 во 17.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Видое Смилевски Бато" во близина на кружен тек со улица „Браќа Миладинови" во Тетово, патничко возило „голф" со тетовски регистерски таблици, управувано од Е.Ј.(31) од с.Челопек, удрило во малолетник од с.Сараќино. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 21.03.2025 во 16.50 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на локалниот пат с.Зубовце-с.Врапчиште, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(47), удрило во пешакот М.Ј.(55), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 21.03.2025 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 околу 14.30 часот на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева, при што се запалиле и изгореле дрва, бандера сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп. На 21.03.2025 во 13.20 часот во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен ја лишиле од слобода Г.М.(60) од Ресен поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 во 12.35 часот кај место викано „Бараки" запалила ѓубре, но огнот се проширил и зафатил простор со сува трева. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Ресен. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

На 21.03.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Г.(26) и А.В.(32), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

На 21.03.2025 во 11.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Андреевиќ-Кун“ во Скопје патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(54) од Скопје, удрило во велосипед управуван од В.А.(52) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен бил јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 21.03.2025 во 13.02 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип–Кочани, атар на с.Соколарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ленд ровер“, сопственост на АРМ, а управувано од Ф.К.(39) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Р., додека со телесни повреди се здобиле неговата сопатничка В.Р.(66), како и возачот на возилото „ленд ровер“ и сопатниците Љ.С.(51) и Г.С.(42), двајцата од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. 

На 21.03.2025 во 17.15 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(55) од Скопје, затоа што при извршена контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Чаир за спроведување до Казнено поправната установа Затвор-Скопје.

На 21.03.2025 во 11.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.К.(45) од Скопје, по претходна пријава дека на 19.03.2025 околу 09.30 часот во приватна болница на подрачјето на Карпош, на лекар од болницата му упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

На 21.03.2025 во 11.30 часот во СВР Скопје, Д.П.(41) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца соученици, а биле употребени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 21.03.2025 во 15.30 часот во  с.Инџиково,  скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.В.(51) од с.Инџиково, по претходна пријава, дека околу 13.30 часот по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата соседка О.М.(81), при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 21.03.2025  во 19.40 часот  во СВР Скопје, 81-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 60.000 денари. Имено, во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров примил лице кое се претставило како продавач на бренд со одредени производи и откако му дал пари и личен накит за производите, лицето си заминало. Но, подоцна, кога ја отворил кутијата со производите видел дека тие не се од брендот како што му кажало лицето, односно сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 21.03.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж пријавил дека 03.03.2025 околу 17.35 часот во домот во скопско, бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга И.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.03.2025 околу 05.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Грчец, скопско настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.Ѓ.(28) од с.Сарај, скопско, а со престој во с.Грчец. Пожарот бил изгаснат од пријавителот. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.             

На 21.03.2025 околу 08 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во нас.Кисела Јабука, скопско, настанал пожар во куќа сопственост на Б.Б.(53). Во пожарот биле опфатени соба и кровната конструкција. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Повредени лица нема.

На 21.03.2025 во 16.01 часот во СВР Скопје, Љ.З.(25) од с.Ласкарци, скопско, пријавил дека на скопската обиколница, во близина на клучка Стајковци, во правец кон Арачиново, скопско, додека се движел со патничко возило бил запрен од едно лице, кое управувало патничко возило и со остар предмет бил физички нападнат, при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Х.И. од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 18.03.2025 на Граничниот премин Табановце, пријавениот кој управувал патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, приложил фалсификувана  возачка дозвола.

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ж.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 11.10.2024 во Штип полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, опиум, таблети и дигитална вага со остатоци од амфетамин и марихуана.

На 21.03.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во средно приватно училиште на подрачјето на Карпош, малолетник бил физички нападнат од негов соученик. Се работи на расчистување на случајот 

На 21.03.2025 во 20.30 часот 22-годишна жена пријавила дека околу 18.30 часот во домот во Берово, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот татко Д.Р.(51). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 21.03.2025 во 14.40 часот било пријавено дека на 11.03.2025 околу 18.30 часот во Виница малолетник бил физички нападнат од П.Д., тројца малолетници и уште две други лица, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.          

На 21.03.2025 во 14.45 часот полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Д.Ѓ.(76) од Делчево поради тоа што во индустриска зона во населбата Милково брдо во Делчево предизвикала пожар, при што била опожарена сува трева и насад со сливи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ра/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR