Манчестер јунајтед сака да го купи договорот на Осимен
- Манчестер јунајтед изрази намера да го купи напаѓачот на Наполи, Виктор Осимхен, објави новинарот Јагиз Сабунџуоглу на своите социјални мрежи.
- Post By Зоран Стерјовски
- 08:10, 3 mars, 2025

Истанбул, 3 март 2025 (МИА) - Манчестер јунајтед изрази намера да го купи напаѓачот на Наполи, Виктор Осимхен, објави новинарот Јагиз Сабунџуоглу на своите социјални мрежи.
Премиерлигашот го известил италијанскиот клуб за нивната подготвеност да ја активира опцијата за откуп на договорот на играчот. Трансферот треба да биде реализиран по завршување на тековната сезона.
Откупната клаузула наведена во договорот на 26-годишниот фудбалер е 75 милиони евра.
Осимен моментално е на позајмица во Галатасарај во сезоната 2024/25. Тој на 27 натпревари за турскиот клуб постигна 20 гола и пет асистенции. Неговиот актуелен договор со Наполи е до летото 2026 година. зс/
Фото: ЕПА