• e enjte, 09 janar 2025

Либанскиот парламент денеска избира нов претседател на државата

Либанскиот парламент денеска избира нов претседател на државата

Бејрут, 8 јануари 2025 (МИА) - Либанскиот парламент денеска ќе се обиде да избере нов претседател, функција која традиционално е резервирана за христијанин, и која е празна од завршувањето на мандатот на поранешниот претседател Мишел Аун во октомври 2023 година.

Според медиумите, ниту една политичка партија во парламентот со 128 пратеници нема доволно претставници за да го наметне својот кандидат, а досегашните обиди за постигнување договор за заеднички кандидат завршија безуспешно.

Хезболах, кој неодамна постигна мировен договор со Израел, и неговиот сојузник, шиитското движење Амал, предводено од претседателот на парламентот Набих Бери, се откажаа од инсистирањето Сулејман Франџие да биде претседател. Наместо тоа, тие се подготвени да поддржат кандидат кој нема да предизвика поделби.

Во фокусот на вниманието како можни кандидати се: Командантот на армијата Џозеф Аун, кој според либански политичари има поддршка од САД, потоа Џихад Азур, висок функционер на Меѓународниот монетарен фонд и поранешен министер за финансии, Генерал-мајорот Елијас ал-Бајсари, шеф на Генералната безбедност.

Хезболах изјави дека нема да стави вето на повторен избор на Аун, но извори наведуваат дека групата сепак нема да го поддржи. Аун, како шеф на либанската армија која ја поддржуваат САД, ќе треба да обезбеди 86 гласа поради потребата од уставен амандман, бидејќи сè уште е државен службеник.

За да победи, кандидатот мора да освои 86 гласа во првиот круг или 65 во вториот круг. Аналитичарите предупредуваат дека и натаму е неизвесно кој ќе биде следниот претседател на Либан.

„Среќен сум, ако Бог даде, утре ќе имаме нов претседател“, се наведува во соопштението на привремениот премиер Наџиб Микати. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR