• e premte, 05 korrik 2024

Левица: ПИОМ е нерантабилен - постои ли опасност новата Влада да ја зголеми старосната граница за одење во пензија?

Левица: ПИОМ е нерантабилен - постои ли опасност новата Влада да ја зголеми старосната граница за одење во пензија?

26 јуни 2024

Веќе еден месец сè погласни се гласините дека ФОНДОТ за ПИОМ е во очајна состојба и дека едвај може да ги исплати пензиите на пензионерите. Според информациите,  исплатата на околу 335 илјади пензии е доведена во прашање. За нивна исплата потребни се околу 1,4 милијарда евра, а овие средства ги нема во ПИОМ, заради што околу 530 милиони евра се директна инјекција од државниот буџет.
 
Години наназад со Фондот управуваат партиски кадри, чие раководење беше потресено со бројни скандали, што го направи ПИОМ нерентабилен и, буквално, го доведе пред колапс. Последен во низата скандали е оној на Дритан Беџети, кадар на Алтернатива на Африм Гаши, кој во време на своето директорување со Фондот ù исплаќаше кирија на сестра му и вработи стотици луѓе кои земаат плата, без да се појават на работа.
 
Дополнително во јавноста протече информација дека од Фондот пензија земаат и косовски државјани, кои никогаш не ни работеле во Македонија - скандал којшто надлежните институции мора под итно да го истражат!
 
Случајно или не, овие информации почнаа да се пласираат масовно во јавноста, непосредно после изборите, каде од партиите на владејачкото мнозинство ветуваа линеарно покачување на пензиите. Наместо ова, во јавноста протече информација за финансиската дупка во ФОНДОТ, додека во медиумите се шири информација за опасност од зголемување на старосната граница за одење во пензија или поточно - жените да одат во пензија на 64, а мажите на 66 години.
 
Огромен дел од пензионерите живеат на работ на егзистенцијата, додека со пениите тешко е да се подмират сметките и платат лекарствата. Работниот народ заслужува достоинствена пензија! 
 
Како што и претходно пратениците и активистите на Левица ги поддржуваа протестите и барањата на пензионерите, така и сега нема да дозволиме уште едно поткусурување на властите на грбот на работниот македонски народ и на пензионерите.
 
Левица ќе инсистира на реализирање на ветувањата дадени од актуелните власти за повисока пензија и воведување на минимална пензија од 15.000 денари.
 
За потсетување, во Програмата на Левица, предложена за време на Парламентарните избори, 2024, стоеше мерката за зголемување на пензиите и намалување на годините за одење пензија и тоа: 60 години за жени и 62 години за мажи.

Левица

______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

QËNDRONI TË LIDHUR