• e shtunë, 06 korrik 2024

Изложба „Антологија 4“ во Куќата на Робевци

Изложба „Антологија 4“ во Куќата на Робевци

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Во Куќата на Робевци во Охрид денеска ќе биде отворена изложбата „Антологија 4“. Оваа четврта едиција на „Антологија“ е посветена на наивното сликарство и претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ Завод и Музеј - Охрид.

На изложбата ќе бидат претставени дела од Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура, а куратор е Сашо Блажески. мч/вг/

фото: НУ Завод и Музеј -Охрид

QËNDRONI TË LIDHUR