• e hënë, 25 nëntor 2024

Концерт „Под ноемвриските звуци“ одржа Националната установа Музички ансамбл - Тетово

Концерт „Под ноемвриските звуци“ одржа Националната установа Музички ансамбл - Тетово

Тетово, 24 ноември 2024 (МИА) - Националната установа Музички ансамбл на Република Северна Македонија - Тетово во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ го одржа свечениот концерт „Под ноемвриските звуци“, со што беа одбележани историските датуми на албанската заедница во државава.

Пред публиката настапи симфонискиот оркестар под диригентската палка на Агона Чупи и Претим Етеми и солистит Бесарта Муртазани, Џетмир Реџепи, Леотрим Зејнула, Дијана Малолари Пајазити и Бетим Шабани. Исто така, како гости на овој концерт настапи и се претстави хорскиот октет „Илирикум“ од Тетово.

- Овој концерт се реализираше во чест на најголемите празници на албанскиот народ, 22 ноември - Денот на албанската азбука и 28 ноември - Ден на албанското знаме. Националната установа Музички ансамбл - Тетово останува посветена на збогатување на културната понуда за промоција и афирмацијата на посебностите на јазикот и писмото на Албанците, но и на идентитетските посебности на сите заедници кои се нераскинлив дел од заедничкото јазично и културно богатство на Република Северна Македонија, изјави в.д. директорот Ардиан Исмаили.

Музичарите изведоа дела на познати албански композитори како Ческ Задеја, Пренк Јакова, Лоренц Антони, Авни Мула и многу други.

Проектот е поддржан од Министертвото за културa и туризам на Република Северна Македонија. ас/бд/

Фото: Музички ансамбл - Тетово 

QËNDRONI TË LIDHUR