МВР Билтен (ДПЛ)
- МВР Билтен
Скопје, 24 ноември 2024 (МИА) - На 23.11.2024 полициски службеници од ОВР Делчево спровеле акциска контрола за санкционирање на бесправна сеча и транспорт на дрва, при што го лишиле од слобода С.М.(62) од с.Тработивиште, делчевско, поради кривично дело по чл.353 и чл.361 од К.З..
На 23.11.2024 околу 20.30 часот на автопат „Пријателство" во близина на с.Табановце од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Ј.Р. од с. Студеничани, во кое се превезувале мигранти. Возачот се дал во бегство, а во возилото се пронајдени девет лица- мигранти, од кои четири малолетни. Шестмина од мигрантите се од Сирија, и по еден од Иран, Ирак и Палестина. Тие се пренесени во Транзитен центар Табановце, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.
На 23.11.2024 на подрачје на Струмица полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола над патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(47) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.А.(41), патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Д.(44) од село Пиперево, струмичко, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.К.(36) од с.Ѓечерлија, струмичко и патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.А.(28) од Струмица. При контролата било констатирано дека лицата со возилата вршеле јавен превоз без да поседуваат соодветна лиценца. Истиот ден и полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш на подрачје на Радовиш извршиле контрола над патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(26) од село Добрејци, општина Василево, патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од О.Б.(29) од село Моноспитово, општина Босилово, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.К.(34) од Струмица и патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(23) од село Радово, општина Босилово. При контролата било утврдено дека и овие лица со возилата вршат јавен превоз без да поседуваат соодветна лиценца. По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 23.11.2024 во 11 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Н.М.(31) од с.Пирок, тетовско, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во угостителски објект во с.Пирок, сопственост на Ш.Џ.(49) од с.Пирок, пријавено истиот ден околу 10.20 часот, каде биле одземени пари. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 23.11.2024 во 21.55 часот, на улицата „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, од слобода лишија 17- годишен малолетник од Струга. При извршен преглед, кај него е пронајдена и одземена марихуана. По насоки од јавниот обвинител, со малолетникот извршен е разговор во присуство на неговиот родител, а известен е и Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед во неговото возило извршен во близина на кичевското село Бигор Доленци, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.А.(20) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, на државно земјиште во атарот на селото Долно Косоврасти, општина Дебар, неовластено поставил метална ограда во должина од 74 метри и ширина од 21,4 метри и поставил бетонска плоча.
На 23.11.2024 во 00.40 часот во СВР Штип, Е.В.(37) од с.Лакавица, штипско, пријавил дека во казино во Штип бил физички нападнат од вработен како обезбедување во казиното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2024 во 20.15 часот во с.Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово пронашле пет лица-мигранти од Сирија. Лицата биле пренесени во Транзитен центар „Табановце“ за понатамошна постапка.
На 23.11.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2024 во 19.35 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир, едно лице со закана од огнено оружје, од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.30 часот на подрачјето на Центар Р.М.(48) и Е.Л.(53) биле физички нападнати од Е.И., сите од Скопје, и уште неколку други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје Ѓ.Ч.(76) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје Б.Д.(47) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, неговата малолетна ќерка и нејзината другарка биле физички нападнати од две други малолетнички. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.11.2024 во 14.50 часот во СВР Скопје, Р.А. пријавил дека во угостителски објект во с.Арачиново, скопско, од возило во движење Ф.М.(37) пукал кон Д.Р., но го погодил таткото на пријавителот С.А.(52).. На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена, пријавила дека на 21.11.2024 околу 13.30 часот во канцеларија на подрачјето на Кисела Вода, по претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Д.Ѓ.(48). Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 23.11.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар, едно машко лице со закана со огнено оружје се обиделo да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што лицето го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2024 во 17.35 часот во СВР Скопје, Ф.А.(24) пријавил дека во парк на подрачјето на Гази Баба, две лица се обиделе да му одземат чанта од неговото паркирано патничко возило, а потоа физички го нападнале и со остар предмет му нанеле повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ев/
ФОТО: МИА Архива