• e mërkurë, 04 dhjetor 2024

Каранфилова Пановска: Меѓуетничките тензии се опасни, одбивањето на лидерска средба од Мицкоски е неодоговрно

Каранфилова Пановска: Меѓуетничките тензии се опасни, одбивањето на лидерска средба од Мицкоски е неодоговрно

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Играњето на каратата на меѓуетничките тензии за да се креира криза сакајќи да ги избегнете или да дефокусирате од она што се во моментот актуелни проблеми или за кои што можеби немате одговор е многу опасна работа. Тоа е играње со оган и во тој контекст сакам да кажам дека СДСМ бара сериозен дијалог и заедништво, низ којшто процес сите актери без исклучок ќе излезат и ќе кажат, ние сме за мир и стабилност, вели заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.

Во интервју за „Клик плус“ на Телевизија 21, таа посочува дека одбивањето на премиерот Христијан Мицкоски да прифати лидерка средба е неодоговрно кон државата и кон ситуацијата.

Каранфилова Пановска нагласува дека случувањата во изминатите неколку денови, со изблици на насилство, дивеење и сквернавење на нашето државно знаме, практично значи пдгревање на етнички тензии и воопшто не треба да се третираат на еден банален начин и со една површност, туку бараат сериозна анагажираност од сите политички актери.

-Повикот на лидерот Филипче за средба на лидерите на политичките партии беше во насока на тоа дека ситуацијата е серизона и дека може да ескалира. Се уште сметаме дека е многу важно, сите лидери на политичките партии да седнат на маса и да видат со што реално се соочуваме, кои се ризиците, да повикаме да се смират страстите. Важно е лидерите на сите политички партии да излезат пред граѓаните и да ги уверат дека треба да бидат спокојни и дека треба да живееме безбедно, истакнува Каранфилова Пановска.

Според неа, суштината треба да биде поважна од формата за одржување на лидерска средба.

Каранфилова Пановска во интервјуто најави дека денеска ќе биде соопштен ставот на СДСМ во врска со поднесената интерпелација на министерот за внатрешни работи. дма/ев/

Фото: Телевизија 21

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR