• e enjte, 05 dhjetor 2024

Средба на пратеникот Сулејмани со вториот секретар на амбасадата на Катар во Република Северна Македонија, Саид Ал-Самих

Средба на пратеникот Сулејмани со вториот секретар на амбасадата на Катар во Република Северна Македонија, Саид Ал-Самих

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Пратеникот Салим Сулејмани, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив, денеска остварил средба со вториот секретар на амбасадата на Катар во Република Северна Македонија, Саид Ал-Самих.

На средбата се разговарало за односите меѓу двете земји, кои биле оценети како одлични, при што биле нагласени можностите за унапредување на економската соработка преку зголемување на инвестициите, како и за напредување на политичката и културната соработка.

Од собраниската прес-служба соопштија дека на средбата била истакната важноста на тоа дека Катар е единствената земја од Арапскиот Залив која има Амбасада во Република Северна Македонија и дека ги има укинато визите за влез на нашите граѓани во Катар.

Соговорниците се согласиле за зајакнување на постоечките добри односи и за остварување на посети на Парламентарните групи за соработка на двете држави. цр/нд/

Фото: Собрание на РСМ

QËNDRONI TË LIDHUR