• e enjte, 05 dhjetor 2024

Заменик министерот за внатрешни работи Исени на регионален состанок во Тирана

Заменик министерот за внатрешни работи Исени на регионален состанок во Тирана

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска се обратил на Првиот регионален состанок на Управниот комитет во рамки на Заедничката акција на ЕУ и УНОДЦ за промовирање на владеењето на правото и доброто владеење преку насочени мерки за гранична контрола на пристаништата и аеродроми во Југоисточна Европа (Фаза II) Глобална програма за контрола на патници и карго.  

Од МВР соопштија дека Регионалниот состанок се одржува денеска и утре во Тирана, Република Албанија, а предвидено е да присуствуваат претставници од високо раководно ниво од Царинските управи, Министерствата за внатрешни работи и други надлежни органи вклучени во спроведувањето на Акцијата од јурисдикции на Југоисточна Европа, претставници од Канцеларијата на UNODC, Светската Царинска организација и други партнери и донатори. цр/нд/

Фото: МВР

QËNDRONI TË LIDHUR