Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди јужниот италијански регион Базиликата
- Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди денеска јужниот италијански регион Базиликата, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Потенца, 18 март 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди денеска јужниот италијански регион Базиликата, јави италијанската новинска агенција АНСА.
Земјотресот се случил на шест километри од градот Валио во провинцијата Потенца, на длабочина од 14,3 километри. Тoj бил почувствуван и во провинцијата Матера.
Како мерка на претпазливост, учениците од локалните училишта беа евакуирани. Многу вработени ги напуштија своите канцеларии и излегоа на улиците во градовите во провинциите Потенца и Матера.
Засега нема извештаи за жртви или причинета материјална штета. pп/
Фото: МИА архива