• e mërkurë, 08 janar 2025

Италијанската новинарка Сала ослободена од затвор во Иран

Италијанската новинарка Сала ослободена од затвор во Иран

Рим, 8 јануари 2025 (МИА) – Италијанската новинарка Сесилија Сала, која од 19 декември беше во притвор во Иран, е ослободена и денеска патува кон дома, соопштија италијанските власти.

- Сала полета од Техеран по интензивната работа на дипломатските и разузнавачките канали, истакна италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Новинарката на италијанскиот дневен весник „Ил Фиљо“ (Il Foglio) беше уапсена во Техеран на 19 декември, три дена откако пристигна во земјата. Таа е обвинета за кршење на законите на Иран.

Италијански претставници шпекулираат дека приведувањето и ослободувањето на Сала ќе биде искористено во преговорите за ослободување на Мохамед Абедини, кој на 16 декември беше уапсен на аеродромот во Милано, по американска потерница.

Министерството за правда на САД го обвини Абедини и уште тројца Иранци дека доставувале технологија за производство на дронови, што се користени во напад врз американски воен пункт во Јордан во јануари минатата година, при што загинаа тројца американски војници.

Абедини и понатаму е во притвор во Италија. ми/

фото: Икс

QËNDRONI TË LIDHUR