Илон Маск ќе ja интервјуира лидерка на германската десничарска партија Алтернатива за Германија
- Портпаролот на Вајдел истакна дека АфД и тимот на Маск се во редовен контакт со месеци, иако лидерката на партијата на екстремната десница и американскиот милијардер се уште не се сретнале лично.
- Post By Сања Костовска
- 08:29, 4 janar, 2025
Вашингтон, 4 јануари 2025 (МИА) - Американскиот милијардер Илон Маск ќе направи интервју со лидерката на крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, на 9 јануари.
Разговорот, што ќе се емитува во живо на социјалната мрежа „Икс“, ќе опфати теми како слободата на изразување и програмата на АфД за одржлива Германија, прецизираше претставник на партијата за ДПА.
Портпаролот на Вајдел истакна дека АфД и тимот на Маск се во редовен контакт со месеци, иако лидерката на партијата на екстремната десница и американскиот милијардер се уште не се сретнале лично.
Два дена подоцна, Вајдел ќе биде официјално назначена за водечки кандидат на АфГ за изборите на 23 февруари. ссм/
фото: архива