• e martë, 17 dhjetor 2024

Запленети 15 мрежи за криволов на риба на Охридското Езеро

Запленети 15 мрежи за криволов на риба на Охридското Езеро

Охрид, 16 декември 2024 (МИА) – Полицајци од Станицата за граничен надзор „Охридско езеро“  заедно со службеници на Државниот инспекторат за земјоделие изминатите три дена спровеле повеќе контроли на езерото.

Притоа во водите на Охридското Езеро на потегот Пештани - Радожда, пронашле и заплениле 15 рибарски мрежи во должина од над 200 метри, 50 парчиња уловена разновидна риба во вкупна тежина од околу девет килограми, како и друг риболовен алат и прибор.

Од СВР – Охрид најавуват дека контролните активности на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ ќе бидат интензивирани со цел фаќање на лица кои вршат кривично дело „незаконит риболов“. аб/нд/

фото/МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR