Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Македонски Брод
- На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.
Скопје, 23 декември 2024 (МИА) - На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.
Претходно од АМСМ информираа дека е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патните правци Дебар - Маврово, Тетово - Попова - Шапка и Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража, како и на патниот правец Битола - Ресен преку планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Ресен - Охрид преку планинскиот превој Буково. аа/
Фото: МИА архива