• e martë, 24 dhjetor 2024

Лимани: Горд сум што Гостивар има целосна поддршка од централната власт

Лимани: Горд сум што Гостивар има целосна поддршка од централната власт

Скопје, 23 декември 2024 

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, во својот говор на одбележувањето на 23 Декември – Денот на Општината, истакна дека водењето на еден град не е само работа, туку мисија заснована на љубовта кон градот и заедницата.

„Мојата мотивација сте вие“, изјави градоначалникот Лимани, нагласувајќи го Гостивар како пример за меѓуетничка хармонија и толеранција во Северна Македонија.

Во својот говор, градоначалникот Лимани ги поздрави сите поранешни раководители на градот и ја оцени нивната улога, признавајќи дека и тешките искуства биле важни лекции. Тој изрази гордост за започнатите инвестиции и за поддршката што ја добива Гостивар од централната власт.

„Горд сум да кажам дека денес сме слободни и конечно ќе добиеме тоа што ни припаѓа од централната власт, со одлични инвестиции, од кои некои веќе започнаа. Оваа слобода, овој нов политички менталитет им се должи на многу фактори, но како што знае и кажува цела Северна Македонија, главната личност што конечно ја отвори големата врата на режимот е претседателот што ме назначи, претседателот на партијата Алијанса за Албанците, г. Арбен Таравари“, изјави Лимани.

„Гостиварци, ве носам во срцето и покрај нашите разлики, нè обединува нешто многу поголемо, а тоа е Гостивар“, изјави Лимани, уверувајќи ги граѓаните дека Општината секогаш ќе биде нивниот дом и место посветено на подобрување на заедничкиот живот.

Општина Гостивар

ФОТО: Општина Гостивар

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

QËNDRONI TË LIDHUR