• e diel, 09 mars 2025

Женско рели низ улиците на Скопје

Женско рели низ улиците на Скопје

Скопје, 9 март 2025 (МИА) - Женско рели ќе се одржи денеска низ улиците на Скопје, во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФСМ). Релито е структурирано во два дела: градско возење по однапред дадена рута (се дава непосредно пред почетокот на релито) и брзински испит т.н. гимкана. Учесничките на #женскорели2025 имаат обврска да поседуваат возачка дозвола и сопствено возило, а во тимот имаат и совозач. 

- Шести пат организираме ваков настан, каде низ натпревар на вештини и брзина ги поттикнуваме сите девојки и жени активно да се вклучат во овој убав спорт. Преку вклучување во автомобилизмот, нашата федерација придонесува не само во забава, туку и развој и промоција на
 вредности и култура на однесување во сообраќајот. Сметам дека ова е навистина важно за сите нас и како девојки, жени ќе испратиме силна
порака на еднаквост, на позитивен дух, внимание и почит кон сите со кои се натпреваруваме, но и со кои секојдневно се сретнуваме, возејќи низ градските улици, вели Кристина Станојковска, потпретседател на АФСМ.

Релито е поддржано од повеќе домашни и меѓународни партнери на Автомобилистичката федерација на Северна Македонија која е членка на Светската автомобилистичка федерација (ФИА).лв/

фото:МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR