Салах незадоволен од Ливерпул
- Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах не е задоволен од настапот на тимот во победата од 3-1 над Саутемптон во 28. коло од Премиер лигата.
- Post By Спорт Миа
- 17:10, 9 mars, 2025

Ливерпул, 9 март 2025 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах не е задоволен од настапот на тимот во победата од 3-1 над Саутемптон во 28. коло од Премиер лигата.
-Имаше разочарување во соблекувалната. Во првите 45 минути бевме невнимателни, премногу пасивни, што му дозволи на противникот да поведе непосредно пред паузата. Сепак, искуството ни помогна да ја преземеме контролата врз натпреварот - горд сум што тимот го направи тоа. Дали ова беше натпревар на шампиони? Мислам дека не беше така. Во првото полувреме очигледно не бевме на високо ниво. По паузата малку се подобривме, но севкупно - не. Меѓутоа, за да освоите трофеи во Премиер лигата или Лигата на шампионите, треба да победувате такви натпревари, дури и без совршена игра, рече Салах, цитиран од официјалниот сајт на Ливерпул.
Ливерпул со 70 бодови ја задржува лидерската позиција во Премиер лигата. Тимот на Арне Слот има 16 бода предност пред второпласираниот Арсенал, но „црвените“ имаат два натпревари помалку. дс
Фото: Архива