Едукативна работилница за деца „Животните во зима“ на Националниот парк „Галичица“
- На работилницата предвидена да се одржи на 9 овој месец од 12 часот во Инфо-центарот на Националниот парк во Охрид, децата ќе можат да научат како птиците, цицачите и другите животни се приспособуваат за да преживеат во зимските услови.
Охрид, 4 јануари 2025 (МИА) – „Животните во зима“ е насловот на забавната и едукативна работилница што ја организира Националниот парк „Галичица“, наменета за најмладите на возраст од шест од 12 години.
На работилницата, која што е предвидено да се одржи на 9 овој месец од 12 часот во Инфо-центарот на Националниот парк во Охрид, децата ќе можат да научат како птиците, цицачите и другите животни се приспособуваат за да преживеат во зимски услови.
- „Откријте кои се нивните стратегии за одржување на топлината, пронаоѓање храна и заштита од студот. Понесете го вашето љубопитство и желба за учење! Работилницата е одлична можност да го разбереме светот околу нас и да се поврземе со природата“ се наведува во повикот до најмладите за пријава за учество на работилницата.
Од Националниот парк „Галичица“ се посочува дека работилницата вклучува креативни активности и игри, интерактивни приказни за животните, како и изработка на хранилки за птици што ќе бидат поставени во природата. аб/бак/
Фото: плакат