• e mërkurë, 05 mars 2025

Димитриевски изврши увид во инфраструктурните зафати во индустриската зона Новини и Речица

Димитриевски изврши увид во инфраструктурните зафати во индустриската зона Новини и Речица

Куманово,  5 март 2025 (МИА) - Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски денеска изврши увид во реализација на инфраструктрните зафати во индустриската зона Новини и Речица. Во моментов тече изградбата на водоводна мрежа, фекална, атмосферска канализација, изградба на дел од внатрени сообраќајнии, осветлување на зоната.

- Согласно реализацијата на проекти, финансирани од потпрограмата АА на Владата, во најголемата развојна зона е предвидена изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, изградба на дел од внатрешни сообраќајници, воспоставување на режим на сообраќај и осветлување на дел од внатрешни сообраќајници во зоната, информираше Димитриевски.

Вредноста на склучениот договор со избрана компанија на тендер е денари изнесува 208.554.681.86 денари со вклучен данок на додадена вредност. Со средствата од Владата се очекува целосно уредена атмосферска канализација, осветлување на зоната, водоводна мрежа и асфалтирани улици со тротоари. Уредувањето на зоната е приоритет на општината, со оглед дека функционираат домашни и странски компании.

Димитриевски информираше дека се реализираат и два инфраструктурни проекти: изградба на атмосферска канализација на ул. „Бајрам Шабани“ – Куманово и изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа Куманово, дел од улица „Видое Смилевски Бато“ до село Добрашане.

- Реализирањето на овие проекти и развивањето на големи трговски единици, претставува значајна можност и голем потенцијал, кој ќе донесе поволности за просперитет на нашите граѓани, објави Димитриевски.

Зоната Речица, сместена на атрактивна локација во непосредна близина на автопатот Е-75 кон Табановце, (во близина на село Речица) на само пет километри од српската граница и е во близина на двата коридори 8 и 10. Таа е урбанистички уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта. ам/сст/


Фото: Општина Куманово

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR