• e premte, 04 tetor 2024

Двајца белгиски медиумски работници повредени при израелски напад врз Бејрут (ДПЛ) 

Двајца белгиски медиумски работници повредени при израелски напад врз Бејрут (ДПЛ) 

Брисел, 3 октомври 2024 (МИА) - Двајца белгиски медиумски работници се ранети минатата ноќ при израелски напад врз објект во центарот на либанскиот град Бејрут, информира Министерството за надворешни работи на Белгија. 

Според медиумските извештаи, двајцата Белгијци биле повредени при напад врз објект на хуманитарната организација Центар за цивилна заштита, која е поврзана со либанската проирнска шиитска Божја партија (Хезболах) во централниот бејрутски кварт Башура. 

Белгискиот јавен радиодифузен сервис РТБФ јави дека станува збор за новинарот Робин Рамекерс и снимателот Стијн Де Смет, вработени во фламанската приватна телевизија ВТМ. Според истиот извор, Ремекер има „повреди на лицето“, додека Де Смет е ранет во едната нога.  

Телевизијата ВТМ, пак, информира дека стапила во контакт со повредените медиумски работници и дека тие се вон животна опасност. 

ВТМ соопшти дека засега не се познати точните околности на инцидентот во кој се тие повредени, посочувајќи само дека тој се случил „додека се подготвувале да известуваат“ за бомбашки напад што се случил во центарот на Бејрут претходно во текот на ноќта. 

Според либанското Министерство за здравство, при нападот врз Центарот за цивилна заштита загинале шест лица, додека седуммина други се повредни. сп/

Фото: Икс

QËNDRONI TË LIDHUR