• e shtunë, 05 tetor 2024

МААЕ од следната недела ќе ја анализира морската вода кај Фукушима, ќе учествуваат и Кинезите

МААЕ од следната недела ќе ја анализира морската вода кај Фукушима, ќе учествуваат и Кинезите

Виена, 4 октомври 2024 (МИА) - Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека почнувајќи од следната недела со меѓународни експерти, меѓу кои и експерти од Кина, ќе спроведе анализа на морската средина во близина на уништената нуклеарна централа Фукушима.
Кина, жесток противник на испуштањето на прочистена радиоактивна вода од енергетскиот комплекс во морето, воведе целосна забрана за увоз на морска храна од Јапонија веднаш по започнувањето на испуштањето вода во август минатата година.

Во меѓувреме, јапонската влада постојано го повика Пекинг да ја укине забраната Активностите за мониторинг и проценка на животната средина ќе бидат спроведени од понеделник до 15 октомври од страна на тим од научници и експерти на МААЕ од лаборатории во Кина, Јужна Кореја и Швајцарија.

Меѓународните експерти ќе обезбедат независна потврда за способностите на Јапонија за следење на животната средина како дел од мисијата, која ќе земе примероци од морска вода и морски седимент, риба и алги. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR