• e martë, 11 shkurt 2025

Гаши со честитка до граѓаните на Косово и до лидерот на Самоопределување, Албин Курти, за изборната победа

Гаши со честитка до граѓаните на Косово и до лидерот на Самоопределување, Албин Курти, за изборната победа

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши денеска упати честитка до граѓаните на Косово за парламентарните избори и до Албин Курти за победата на Движењето Самоопределување.

- Изборите во Косово сведочат за зрелоста на народот на Косово, а изборниот процес ја покажува сериозната заложба на институциите за транспарентност и демократија. Искрени честитки до мојот пријател, Албин Курти, за достоинствената победа на Движењето Самоопределување на парламентарните избори во Косово! Овој резултат ја претставува довербата на граѓаните во однос на неговата визија за развојот и безбедноста на Косово, како и нивната благодарност за неговиот успешен мандат на чело на владата, се вели во честитката. 

Гаши им честита и на граѓаните на Косово. - Се надевам дека нивниот глас ќе придонесе за унапредување на социјалната заштита, како и за европската иднина на државата. Северна Македонија останува посветена на продлабочување на соработката, а нашите пријателски односи остануваат непоколебливи, наведува Гаши во честитката. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR