Вучиќ: На протестите повредени 56 лица
- Вучиќ рече дека 22 лица се уапсени за сторени кривични дела против имотот и за напад врз полицајци и други луѓе за време на протестите.
- Post By Златко Шумковски
- 23:01, 15 mars, 2025

Белград, 15 март 2025 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека на протестот одржан во центарот на Белград биле повредени вкупно 56 лица, но дека никој не претрпел повреди опасни по живот.
Вучиќ рече дека 44 лица побарале лекарска помош во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Звездара и едно лице во Земун, но дека нема потешко повредени.
Вучиќ рече дека 22 лица се уапсени за сторени кривични дела против имотот и за напад врз полицајци и други луѓе за време на протестот.
Тој изрази задоволство што нема повредени иако бил одржан „голем протест со огромна негативна енергија, гнев и бес кон властите“. зш/
фото ЕПА