Вучиќ: Парламентарните избори би можело да се одржат на 8 јуни
- Доколку не се формира нова влада 30 дена откако Народното собрание ја потврди оставката на премиерот Милош Вучевиќ, парламентарните избори би можеле да се одржат на 8 јуни, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, учествувајќи на владина седница, јави МИА од Белград.
- Post By Златко Шумковски
- 18:10, 16 mars, 2025

Белград, 16 март 2025 (МИА) - Доколку не се формира нова влада 30 дена откако Народното собрание ја потврди оставката на премиерот Милош Вучевиќ, парламентарните избори би можеле да се одржат на 8 јуни, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, учествувајќи на владина седница, јави МИА од Белград.
Вучиќ изјави дека оставката на премиерот Милош Вучевиќ ќе биде објавена во вторник, на 18 март и дека оттогаш ќе започне рокот од 30 дена за формирање нова влада, и според него, доколку новата влада не се формира во законскиот рок, најверојатно, ќе се оди на избори - најверојатно на 8 јуни.
Зборувајќи за актуелната ситуација во Србија, Вучиќ истакна колку е важно ситуацијата што поскоро да се нормализира. зш/