• e hënë, 17 mars 2025

ФТН во блокада во Нови Сад повикува на солидарност со молк: Со народот на Северна Македонија

ФТН во блокада во Нови Сад повикува на солидарност со молк: Со народот на Северна Македонија

Белград, 16 март 2025 (МИА) - Студентите во блокада од Факултетот за технички науки во Нови Сад ги повикаа колегите и граѓаните утре, 17 март, да одржат 16-минутен помен за жртвите, јави МИА од Белград.
Како што соопштија во објава на Инстаграм, комеморативниот молк, што овојпат ќе трае една минута подолго во знак на солидарност со граѓаните на Северна Македонија, ќе се одржи в понеделник, на 17 март од 11:52 до 12:08 часот во Белград.

„Во знак на солидарност со народот на Северна Македонија“, кратко изјавија студентите во блокадата на ФТН
Акцијата за оддавање почит на загинатите во уривањето на настрешницата на железничката станица, но и поради несогледливата трагедија што се случи во Северна Македонија, ќе трае од понеделник, 17 март до недела, 26 март на иста локација. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR