• e hënë, 17 mars 2025

Ердоган и Трамп разговараа за Украина и Сирија

Ердоган и Трамп разговараа за Украина и Сирија

Анкара, 16 март 2025 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, при што разговараа за напорите за прекин на војната меѓу Русија и Украина и за стабилизацијата на Сирија, соопшти кабинетот на Ердоган.

Турскиот претседател му изразил поддршка на Трамп за неговите „одлучни и директни иницијативи“ за ставање крај на војната во Украина, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи да работи на „праведен и траен мир“.

Ердоган потенцирал и дека е важно да се укинат санкциите кон Сирија за да се овозможи стабилност, нормализација и враќање на бегалците. Воедно, Турција очекува САД да преземат чекори во борбата против тероризмот, имајќи ги предвид турските интереси.

Анкара жестоко ја критикува поддршката на САД за сириската курдска милиција, која ја смета за терористичка група. Ердоган нагласил дека е неопходно да се укинат санкциите кон Сирија, да се финализира договорот за купување авиони Ф-16 и да се обнови учеството на Турција во програмата за Ф-35 за да се зајакне одбранбената соработка меѓу двете земји. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR