• e shtunë, 09 nëntor 2024

Во Скопје казни за 56 возачи на мотоцикли

Во Скопје казни за 56 возачи на мотоцикли

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Контролирани се повеќе од 115 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 56 возачи во текот на вчерашниот ден од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамки на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, во реализираната зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, од вкупниот број санкционирани, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, девет возачи возеле без возачка дозвола, 11 возачи имале несоодветна категорија, четири мотоцикли не биле регистрирани, три возачи не носеле со себе сообраќајна дозвола, еден возач бил под дејство на алкохол, еден не застанал на даден знак СТОП...

Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет. цр/са/

Фото: МВР

QËNDRONI TË LIDHUR