• e hënë, 17 mars 2025

Вонредна состојба во главниот град на Перу поради пораст на бројот на убиства

Вонредна состојба во главниот град на Перу поради пораст на бројот на убиства

Лима, 17 март 2025 (МИА) - Властите во Перу прогласија вонредна состојба во главниот град Лима поради бранот убиства поврзани со изнуда.

Мерката беше усвоена синоќа, откако локалниот пејач Пол Флорес беше убиен од вооружени лица кои го нападнаа автобусот со кој патуваше со членовите на неговиот бенд додека го напуштаа концертот во близина на Лима.

На музичарите им се заканувала криминална група која сакала да изнуди пари од нив.

„Наредена е вонредна состојба за целата провинција Лима“, соопштија локалните власти.

Иако изнудата е проблем ширум Латинска Америка, во Перу таа достигна алармантни размери. За оваа појава делумно се виновни криминалните банди, како што е венецуелската „Трен де Арагуа“, која дејствува во неколку земји од Латинска Америка.

Од јануари, според локалните медиуми, биле пријавени повеќе од 400 убиства.

Минатата година Перу прогласи вонредна состојба во делови на Лима и распореди војска како одговор на серијата убиства на возачи на автобуси кои биле цел на рекетирање. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR