• e mërkurë, 26 mars 2025

Вонреден координативен состанок на градоначалникот Атанасовски со раководители на локални институции

Вонреден координативен состанок на градоначалникот Атанасовски со раководители на локални институции

Македонска Каменица, 24 март 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица се одржа вонреден координативен состанок помеѓу градоначалникот на Општината Димчо Атанасовски и директорите и претставниците на локалните институции, ТППЕ, Полициското одделение во Македонска Каменица и вработени во локалната самоуправа.   

На состанокот Атанасовски ги задолжил училиштата, детската градинка и јавните претпријатија во најкус рок да достават информации за состојбата со хидрантските мрежи, ажурирањето на противпожарните апарати, како и плановите за евакуација и противпожарна заштита во сите јавни објекти. 

-Во координација со надлежните институции, според Програмата за работа на воспитно-образовните институции, ќе бидат спроведени предавања, обуки и тактичко-показни вежби за превенција и зголемување на безбедноста на учениците и вработените во јавните установи.  Општина Македонска Каменица во рамки на своите надлежности ќе изврши проверка на состојбата во колективните станбени згради и кај угостителските објекти, истакна Атанасовски.  

Планирано е, како што додаде, и изготвување план за контрола на хидрантските мрежи, ПП опремата, пристапите и излезите кај објектите за колективно домување.   

- Ќе биде спроведен во координација и соработка со куќните совети и управителите на зградите. Наш приоритет останува зачувувањето на безбедноста на граѓаните и обезбедувањето на сите неопходни услови за нивното секојдневно функционирање, додаде Атанасовски. 

Претходно градоначалникот Атанасовски одржа средба и со директорката на Здравствен дом „Гоце Делчев“ Билјана Геоегиевска, која раководи и со Здравствената станица во Македонска Каменица. На средбата, на која присуствувал и раководителот на Здравствената станица, меѓудругото се разговарало и за ресурсите со кои располага Здравствената станица и подготвеноста за постапување и справување со кризни ситуации на локално и регионално ниво, како и за степенот на подготвеност за заштита и безбедност во самата здравствена установа. вс/мд/


Фото: Општина Македонска Каменица

 

QËNDRONI TË LIDHUR