• e diel, 30 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Градоначалникот Трајковски донираше за семејствата на настрданите во Кочани

Градоначалникот Трајковски донираше за семејствата на настрданите во Кочани

Делчево, 26 март 2025 (МИА) - Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски донираше 60 000 денари за семејствата на настраданите во несреќата која на 16 март 2025 година се случи во Кочани. Целта, како што рече, е во овие тешки моменти барем малку да им се олесни тагата на семејствата.

-Како градоначалник на Општина Делчево изразувам длабоко сочувство и солидарност со граѓаните погодени од трагичниот настан  во Кочани. Како чин на поддршка и помош за настраданите семејства, одлучив лично од сопствени средства, да донирам 60 000 денари, со надеж дека оваа мала поддршка ќе им помогне барем малку во овие најтешки моменти, истакна Трајковски.

Во овие моменти на жалост, како што додаде, тешко е да се пронајдат зборови кои можат да ја утешат болката на семејствата кои ги загубија своите најмили.

Изразувајки сочувство за трагичната загубата, порача дека секој кој е во можност има нешто што може да направи, а тоа е да биде хуман и да покаже солидарност со цел да им се помогне на нивните семејства. вс/мд/


Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR