• e diel, 05 janar 2025

Владата најави укинување на данокот на доход за иселениците по нивното враќање во Хрватска

Владата најави укинување на данокот на доход за иселениците по нивното враќање во Хрватска

Загреб, 2 јануари 2025 (МИА) - Владата на Хрватска најави зголемување на пензиите и поддршката за новороденчињата, како и укинување на данокот на доход за иселениците по нивното враќање во земјата, по првата седница од новата година на која премиерот Андреј Пленковиќ го презентираше годишниот план за 2025 година, пренесува Анадолија.

Пленковиќ истакна дека во 2025 година планираниот раст на бруто домашниот производ (БДП) е 3,2 отсто, а посебно внимание ќе се посвети на најранливите групи, пензионерите, лицата со попреченост и другите на кои им е потребна поддршка. 

Тој додаде дека годинава очекуваат стапка на инфлација до 2,7 отсто, раст на вработеноста од околу 2,9 отсто, а учеството на јавниот долг во БДП да биде 56 отсто.

- Решени сме да продолжиме да ја зајакнуваме хрватската економија и да го зголемуваме стандардот на граѓаните, рече Пленковиќ, додавајќи дека минималната плата е повеќе од двојно зголемена за време на мандатот на неговата влада.

- Од вчера минималната плата е 970 евра бруто, благодарение на компензациските мерки што ги обезбеди Владата. За 15 отсто се зголемува минималната студентска саатница, од 5,25 евра на 6,06 евра, рече тој.

Тој истакна дека „исто така ќе се удвои поддршката за новороденче, а на мајките ќе им се обезбеди целосна плата во вторите шест месеци до три илјади евра.

- Иселените хрватски државјани кои планираат да се вратат ќе бидат ослободени од данок на доход пет години доколку престојувале во странство непрекинато најмалку две години, додаде Пленковиќ.

Тој најави нов закон за пензиско осигурување со кој, како што рече, ќе се подобри положбата на пензионерите.

- Новиот закон за пензии носи зголемување на просечната пензија на најмалку 800 евра до крајот на мандатот. Воведуваме и едногодишен додаток за пензионерите и го зголемуваме стажот на мајките од шест на 12 месеци за секое родено дете, рече Пленковиќ. јт/

Фото: Фејсбук

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR