„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот
- Со аплауз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје ги поздравија медицинските работници. Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт", „Секој еден, може да е следен"...
- Post By Мирјана Чакарова
- 19:38, 24 mars, 2025

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Со аплауз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје, ги поздравија медицинските работници. Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт", „Секој еден, може да е следен"...
Протестниот марш моментно минува покрај хотелот „Холидеј ин“ од каде преку мостот „Филип Втори“ и булеварот „Гоце Делчев“ треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори. мч/аа/
Фото: МИА