• e enjte, 27 mars 2025

Велика Британија ја разгледа можноста за испраќање борбени авиони на Кралските воздухопловни сили во Украина

Велика Британија ја разгледа можноста за испраќање борбени авиони на Кралските воздухопловни сили во Украина

Лондон, 21 март 2025 (МИА) - Британските воени лидери ја разгледаа можноста за испраќање борбени авиони на Кралските воздухопловни сили (РАФ) во Украина како дел од потенцијалниот мировен договор, објави британски „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Според извештајот, состанокот се одржал во Постојаниот здружен штаб, кој ги надгледува сите британски воени операции во странство.

Планот е дел од пошироката иницијатива предводена од Велика Британија и Франција, која има за цел давање безбедносни гаранции за Киев. рп/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR