• e hënë, 31 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Економијата на САД пораснала за 2,4 отсто во четвртото тримесечје на 2024 година

Економијата на САД пораснала за 2,4 отсто во четвртото тримесечје на 2024 година

Вашингтон, 27 март 2025 (МИА) - Економијата на САД во четвртото тримесечје на 2024 година пораснала со побрзо темпо од прогнозите, додека клучниот показател за инфлацијата е ревидиран, според податоците на Бирото за економска анализа при Министерстото за трговија објавени денеска.

Според извештајот, бруто домашниот производ (БДП) на САД се зголемил за 2,4 отсто  на годишнo ниво, во периодот октомври-декември. Претпочитаниот инфлаторен показател на Федералните резерви – индексот на цени на лична потрошувачка без храна и енергија – беше ревидиран пониско, односно  2,6 отсто.

БДП во четвртото тримесечје бил поттикнат и од позитивните ревизии на нето-извозот, државната потрошувачка и деловните инвестиции. Растот на потрошувачката од страна на домаќинствата – кој сочинува две третини од БДП – беше ревидиран пониско или 4 отсто.

Економистите очекуваат побавно темпо на раст во 2025 година, а поради тоа што потрошувачите и компаниите стануваат повнимателни во однос на економската агенда на претседателот Доналд Трамп. Агресивната трговска политика на администрацијата ги наведе функционерите од Федералните резерви минатата недела да ги намалат своите прогнози, а слични прилагодувања направија и големите банки од Волстрит, вклучително и Голдман Сакс и Морган Стенли. кб/паг/

 

QËNDRONI TË LIDHUR