• e diel, 02 shkurt 2025

Атанасовски: Започна постапка за јавна набавка за изградба на два нови локални патни правци во Македонска Каменица

Атанасовски: Започна постапка за јавна набавка за изградба на два нови локални патни правци во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 1 февруари 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица започна  постапка за спроведување на јавна набавка за изградба на два нови локални патни правци во општината. Како што соопшти градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски ќе се градат локални патишта во должина од околу 3000 метри.

- Се работи за изградба на локален пат во село Саса, од споменикот на Вера Јоциќ до Манастирот Св. Архангел Михаил во Аџиско Маало, со вкупна должина од 1420 метри и локален пат во село Косевица, кој ќе го поврзе селото со маалото Караџевци, со вкупна должина од 1500 метри, соопшти Атанасовски.

Предвидениот краен рок за изградба на двата патни правци е 6 месеци, по што како што дополни градоначалникот жителите ќе добијат безбедни и функционални патишта.

-Овие инфраструктурни проекти ја унапредуваат локалната патна мрежа и обезбедуваат олеснет пристап до Манстирот Св. Архангел Михаил и до крајните населени места во овие рурални средини од нашата општина. Ова е уште едно остварено ветување кон граѓаните од мојата изборна програма, со што покажуваме дека нашата работа се темели на конкретни проекти и реални резултати, истакна Атанасовски.

Дополнително ги информираше граѓаните дека во следниот период ќе започне изградбата на уште неколку локални патни правци во повеќе рурални средини, со што општината продолжува со континуирани инвестиции во инфраструктурата за подобра и посигурна иднина на Македонска Каменица. вс/ац/


Фото: Општина Македонска Каменица

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR