Американскиот сенатор Сандерс вети дека ќе направи се што може за да ја блокира продажбата на оружје на Израел
- Американскиот сенатор Берни Сандерс вети дека ќе направи се што може за да ја блокира продажбата на оружје на Израел.
Вашингтон, 7 јануари 2025 (МИА) - Американскиот сенатор Берни Сандерс вети дека ќе направи се што може за да ја блокира продажбата на оружје на Израел.
„САД не смеат повеќе да испраќаат бомби до екстремистичката влада [на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху], која веќе уби 45.000 луѓе, уништи станбени, здравствени и образовни системи во Газа и предизвика глад со блокирање на хуманитарната помош“, напиша Сандерс на платформата Икс.
Тој го објави ова откако Стејт департментот неформално го информираше Конгресот за предложениот договор за оружје со Израел вреден осум милијарди долари, кој вклучува испраќање муниција за борбени авиони и артилериски гранати. рп/
Фото: МИА архива