• e diel, 02 mars 2025

Американската војска изврши напад во Сирија и уби висок воен лидер на огранок на Ал Каеда

Американската војска изврши напад во Сирија и уби висок воен лидер на огранок на Ал Каеда

Вашингтон, 1 март 2025 (МИА) - Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) денеска соопшти дека извршила прецизен воздушен напад во Сирија и го убила Мухамед Јусуф Зија Талај, висок воен лидер на „Хурас ал-Дин“ (ХаД), огранок на Ал Каеда.

„Како што кажавме во минатото, ќе продолжиме немилосрдно да ги гониме овие терористи за да ја браниме нашата татковина и американскиот, сојузничкиот и партнерскиот персонал во регионот“, изјави генерал Мајкл Ерик Курила, командант на ЦЕНТКОМ.

„Хурас ал-Дин“, што се преведува како Организација на чуварите на верата, исто така наречена Ал Каеда во Сирија, како салафистичка џихадистичка организација учествувала во сириската граѓанска војна. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR