• e diel, 02 mars 2025

Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна

Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна

Рим, 1 март 2025 (МИА) - Здравствената состојба на папата Франциск, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан во новиот здравствен извештај.

„Клиничката слика на Светиот Отец останува стабилна“, се вели во новиот дневен здравствен извештај за 88-годишниот папа, кој вчера имаше респираторна криза.

Како што се наведува, тој е наизменично на механичка неинвазивна вентилација (кислородна маска) и на долги периоди на терапија со висок проток на кислород.

Папата Франциск вчера имаше бронхијален спазам, поради што беше потребна неинвазивна механичка вентилација, а во утринскиот извештај се посочува дека имал мирна ноќ и се одмора.

Се очекува дека на неговите лекари ќе им бидат потребни 24 до 48 часа за да проценат како вчерашната епизода ќе влијае на неговата општа состојба. рп/

Фото: АНСА

QËNDRONI TË LIDHUR