Ал Шара: Сакаме да ги обновиме врските со САД, но сè уште немаме контакт со Трамп
- Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал Шара денеска изјави оти неговата влада во следните денови сака да ги обнови врските со САД, но оти сè уште нема контакт со администрацијата на Доналд Трамп
- Post By Марина Илиевска
- 16:50, 4 shkurt, 2025
Дамаск, 4 февруари 2024 (МИА) – Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал Шара денеска изјави оти неговата влада во следните денови сака да ги обнови врските со САД, но оти сè уште нема контакт со администрацијата на Доналд Трамп.
Ал Шара во интервју за Економист наведе дека американските трупи во Сирија се без одобрување на сириската влада.
- Верувам дека не треба да има нелегално воено присуство во оваа земја. Треба да има договор за воено присуство, а нема таков договор меѓу нас и САД. Кога станува збор за руското воено присуство, тој моментално се разгледува, посочи Ал Шара.
Според него, американските санкции за Сирија, кои сè уште се во сила, претставуваат „огромен ризик“.
- Верувам дека претседателот Трамп сака мир во регионот и дека приоритет е укинување на санкциите. САД немаат интерес да го продолжат страдањето на сирискиот народ, истакна Ал Шара.
Минатиот месец, непосредно пред крајот на својот мандат, администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден воведе шестмесечно ослободување од санкции за сириските владини институции. Амбасадата на САД во Дамаск ги прекина своите активности во 2012 година. ми/
фото: ЕПА