• вторник, 24 декември 2024

Шпанскиот парламент го одобри влезот на Шведска и Финска во НАТО

Шпанскиот парламент го одобри влезот на Шведска и Финска во НАТО
Мадрид, 15 септември 2022 (МИА) - Шпанскиот парламент вечерва го одобри влезот на Шведска и Финска во НАТО и покрај поделбите за ова прашање во левичарската влада.
„Конгресот го одобри потпишувањето на протоколите на Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Шведска и Финска“, соопшти Долниот дом на шпанскиот Парламент.
Во Парламентот, кој има 350 пратенички места, за влез на Шведска и Финска гласаа 290 пратеници, 11 беа против, а 47 беа воздржани. Иницијативата беше поддржана од Социјалистичката партија, но нејзиниот радикален левичарски партнер Подемос во владината коалиција беше воздржан.
Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО по почетокот на руската инвазија на Украина. Сите земји членки на НАТО, 30 од нив, мора да се согласат за прием на тие две земји. Уште шест земји-членки официјално не го ратификуваа барањето, а тоа се Чешка, Грција, Унгарија, Португалија, Словачка и Турција. паг/

Остани поврзан