• недела, 19 мај 2024

Таџикистан се подготвува да прифати до 100.000 бегалци

Таџикистан се подготвува да прифати до 100.000 бегалци
Душанбе, 23 јули 2021 (МИА) - Таџикистан се подготвува да прими до 100.000 бегалци од соседен Авганистан, каде што борбите ескалираа откако трупите предводени од САД се повлекоа од земјата, изјави денеска висок таџикистански претставник. Заменик-шефот на таџикистанскиот комитет за вонредни ситуации, Имомали Иброхимзода истакна дека земјата веќе изградила две големи засолништа за бегалците во провинциите Хатлон и Горно-Бадахшан во близина на границата. Неколку стотици авганистански цивили избегаа во Таџикистан овој месец, но Владата во Душанбе соопшти дека тие веќе се вратиле во Авганистан. Талибанските бунтовници заземаат контрола врз се поголема територија во Авганистан, за која Пентагон проценува дека се шири на повеќе од половина од авганистанските окружни центри. гт/

Остани поврзан